Еден од тренерите од Македонија кои имаат мастер лиценца, Стевче Алушовски од сезонава е на Исланд каде што го преводи тимот на Тор Акурејри.
Покрај Алушовски во тимот е и десниот бек Томи Јагуриновски, кој дојде откако почна сезоната.
„Томи Јагуриновски го знае добро мојот систем на работа. Немаше проблеми за да се вклопи во екипата и веќе е еден од носителите. Томи има квалитет за да игра и во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе има можност и за тоа. Се надевам дека за брзо овој клуб ќе прерасне во клуб кој ќе биде важна алка во ракометот во Исланд. Сметам дека Јагуриновски направи вистински чекор и за него и за нас како клуб ова е големо искуство“, вели Алушовски во интервјуто за 24 Ракомет.
Комплетното интервју можете да го прочитате на линкот во продолжение.