Екипата на Фочани во која настапува интернационалецот од Македонија, Горан Крстевски, славеше на незгодното гостување кај Васлуи со три гола разлика, 30:27, во натпревар од 9. коло во романскиот шампионат.
Ракометарите на Фочани беа во водство во поголемиот дел од средбата. На полувреме имаа предност од 15:14, додека во вториот дел многу полесно стигнуваа до погодок.
Крстевски беше меѓу најефикасните играчи во победничката екипа, постигна четири гола од шест обиди. Неговиот колега, Филип Марјановиќ беше најефикасен во составот на Фочани со осум гола.
Со новите бодови, Фочани се задржа на 5. позиција на табелата. Во следното коло, Крстевски и неговите колеги на домашен терен ќе ги одмерат силите со Александрија.