Македонската интернационалка Марија Штериова, се врати на ракометните терени по долгата пауза и рехабилитацијата по повредата на рамото.
Нејзиниот тим Глорија Бузау, славеше на незгодното гостување кај Слатина со 23-30, во натпревар од 9 коло во романскиот шампионат.
Штериова доби минутажа, успеа да постигне еден погодок од два обиди, а заработи и едно исклучување.
Многу поважно е што левиот бек се врати на теренот и ќе биде подготвена за репрезентативните напори во 2022 година.