Унгарскиот вицепрвак Веспрем за утре најави промоција на новите засилувања за сезоната 2022/23, во која ќе има неколку промени во играчкиот кадар.
Според информациите што ги објави „Handball Planet“, нови имиња во тимот на Момир Илиќ ќе бидат средниот бек Јахја Елдера, пивотменот Драган Печмалбек и десното крило Никита Вајлупов.
Елдера летово беше пред трансфер во Вардар, но за жал тој не реализира, но египетскиот репрезентативец сепак следната година ќе дојде во Европа.
Печмалбек беше на радарот на ПСЖ, но сепак Раул комплетира пикерско трио, па српскиот репрезентативец се реши да ја прифати понудата на Веспрем.
Уште одамна беше најавено дека Никита Вајлупов ќе го напушти Мешков Брест, а како следна дестинација се споменуваа Келце и Веспрем. Полскиот тим веќе ја пополни десната крилна позиција, па јасно е дека Вајлупов ќе оди во унгарскиот тим.
Со овие три имиња, тренерот Илиќ ќе има на располагање одличен ростер, кој ќе биде способен за настап на завршниот турнир во Лигата на шампионите и да ја освои долгоочекуваната европска титула.