Гроздановска перфектна, Винтертур броеше до 53 во Купот на Швајцарија

Тимот на Винтертур, каде што игра македонската интернационалка Симона Гроздановска, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Швајцарија.

Винтертур оствари лесна и убедлива победа на гостувањето кај нисколигашот Арленд со 40 гола разлика, 13-53.

Гроздановска беше втор стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне шест погодоци од шест обиди.

Ривалот на Винтертур во осминафиналето ќе биде дополнителнот познат.