Во рамките од 9. коло од шампионатот на Србија во женска конкуренција, Јагодина убедливо славеше на свој терен против екипата на Младост од Нови Пазар со 32:24.
Во одлично светло против Младост се покажа интернационалката од Македонија, Драгана Петковска која со своите интервенции беше клучен играч во големата победа. Македонката на крајот беше прогласена за играч на натпреварот.
Ракометарките на Јагодина со победата над Младост го задржаа лидерското место на табелата со 17 бодови. Бод помалку има второпласираниот Бекамент, додека составот на Железничар од Ниш е на третото место со десет освоени бода.
Следен предизвик за Петковска и нејзините колешки е дерби натпреварот против Бор следниот викенд.