Металург без милост – ја наполни мрежата на Спартак до врв

Тимот на Металург прослави уште една убедлива победа во Женската лига, откако славеше на гостувањето кај Спартак со 19-44.

Победникот беше најавен по 0-5 на стартот, а беше потврден до крајот на првото полувреме кога избраничките на Јулијана Дамчевска стигнаа до плус десет, 11-21.

Во вториот дел, гостинките уште повеќе нагазија, постигнаа уште 23 погодока и ја наполнија мрежата на Спартак до врв.

Најдобри стрелци кај победничкиот тим беа Мила Трајковиќ, Ива Младеновска и Марија Гугуљанова кои дадоа по шест гола, а кај домаќинот се истакна Ангела Гроздановска со седум гол.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871022
2КУМАНОВО861119
3ПЕЛИСТЕР 2012840412
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82066
5ГЕВГЕЛИЈА80080