Јагањац ја среди Словенија, тројца Вујовиќ доволни за Зеленортските Острови

Репрезентацијата на Хрватска беше поуспешна од Словенија и славеше со 34:31 во пријателски натпревар кој се одигра во Новиград во Хрватска.

Ривалот на Македонија на Европското првенство имаше водство само на почетокот на мечот, а потоа се играше доста израмнето. Сепак избраниците на Хрвоје Хорват до крајот на полувремето стигнаа до плус два, 18:16. До крај на натпреварот Хрватите ги искористија грешките на Словенците и остварија победа.

Селекторите на двете репрезентации им дадоа повеќе шанса на сите ракометари што беа во составот. Најефикасни кај Хрватска беа Иван Мартиновиќ со седум и Халил Јагањац со шест гола. За Словенија, Јуре Доленец постигна шест, а Домен Макуц и Блаж Благотиншек по пет гола.

Уште еден ривал на Македонија на ЕП, Црна Гора, денеска играше пријателски натпревар и победи против Зеленортските Острови. Милош Вујовиќ даде 13 гола, Лука Вујовиќ пет, а Бранко Вујовиќ четири погодоци.

Во останатите пријателски средби победи остварија Шпанија, Шведска, Швајцарија, Катар, Белорусија  и Кувајт.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ, РЕЗУЛТАТИ:

ШПАНИЈА – РОМАНИЈА 35:30 (20:13)
ХРВАТСКА – СЛОВЕНИЈА 34:31 (18:16)
ЕГИПЕТ – МАКЕДОНИЈА 31:26 (16:13)
ТУНИС – ШВАЈЦАРИЈА 22:28 (10:9)
КАТАР – ИРАН 35:24 (19:11)
ШВЕДСКА – ПОЛСКА 32:28 (20:15)
ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ – ЦРНА ГОРА 29:30 (15:13)
БЕЛОРУСИЈА – РУСИЈА 31:27 (14:14)
КУВАЈТ – САУДИСКА АРАБИЈА 29:28 (14:13)
ЛЕТОНИЈА – ЛИТВАНИЈА 26:31 (8:13)
УНГАРИЈА – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 26:23 (14:10)