Репрезентациите на Грузија и Финска кои имаа победнички старт на квалификацискиот турнир за Светското првенство, одиграа нерешено 29:29 во второто коло и се доближија до пласман во следнаата фаза.
Грузија имаше подобро издание во првото полувреме и на пауза водеше 18:15, сепак во продолжението Финците направија пресврт и водеа со четири гола. Но на крајот, имаше поделба на бодовите, а за камбекот на Грузија во финишот еден од најзаслужните е голманот на Прилеп, Зураб Цинцадзе, кој собра седум одбрани на мечот, но четири беа во финишот кога се кршеше резултатот.
Најдобри стрелци кај Грузија беа екс членот на Металург, Кбилашвили со осум гола и екс членот на Прилеп и Пелистер, Темо Орјонкидзе, кој додаде уште седум погодици. Чантурија реализираше пет, а Рустамов два пати, додека Гавашелишвили не доби шанса за настап.
Естонија ја оствари првата победа на квалификацискиот турнир и остана во игра за пласман понатаму откако ја совлада Велика Британија со 34:22. Естонците доминираа на овој дуел и во ниту еден момент не беше доведена во прашање поебдата. Уште на полувремето беше се решено кога Естонија имаше предност од 20:10. Во продолжение рутински одработе за лесна победа.
Најефикасни во составот на Естонија беа От Варик со осум гола и Том и Виткар кои постигнаа по четири погодоци. Во тимот на Велика Британија прв стрелец беше Себастиен Едгард со осум гола.
Во третото коло Естонија и Грузија во директен дуел ќе се борат за второто место со оглед на тоа што Финска не би требало да има проблеми против Велика Британија. Пласман во првиот бараж за СП обезбедуваат двете првопласирани селекции.