Ракометарите на Куманово ја остварија четвртата победа во 8. коло во рамки на групата Б од Првата лига после победата на домашен терен над составот на Астраион со 25:15.
Уште од самиот почеток Куманово најави дека нема да дозволи да пропушти нови бодови. Кумановци отворија со 7:2 и имааа целосна контрола на играта и резултатот. Во првото полувреме Астраион тешко постигнуваше голови и имаше голема негатива од 15:7 на паузата.
Многу брзо во вториот дел Куманово стигна до двоцифрена предност и рутински го водеше натпреварот кон победа. Астраион немше сили за посилен отпор и доживеа убедлив пораз. Со овој триумф Куманово се наоѓа на 4. позиција на табелата во групата Б.
Најефикасни во составот на Куманово беа Иван Димитров и Мартин Димовски со по пет гола, а Виктор Петковски постигна четири. Во составот на Астраион уште еднаш најдобар беше Иванче Ончев со девет гола.