Машката репрезентација на Србија имаше успешна проверка во ЕХФ неделата против еден од домаќините на Европското првенство во 2022 година.
Избраниците на Тони Херона славеа на гости во Шала кај селекцијата на Словачка со убедливи 32-21, откако на полувремето беше 14-11.
Најдобри стрелци кај нашиот северен сосед беа Немања Илиќ и Данило Радовиќ со по пет погодоци, додека кај Словаците, Томаш Урбан се истакна со шест гола.
Германија не дозволи изненадување и ја совлада Португалија со 31-28, откако „панцирите“ го контролираа резултатот во текот на целиот меч, а на полувремето водеа со 18-13.