По Карабатиќ, Раул и ПСЖ го задржаа и Тофт Хансен

Францускиот првак ПСЖ, денеска објави дека данскиот репрезентативец Хенрик Тофт Хансен го продолжи договорот.

Претходно договорената соработка на Данецот и ПСЖ траеше до крајот на оваа сезона, а сега е продолжена и за сезоната 2022/23.

Тофт Хансен е важна алка од ростерот на Раул Гонзалес и сега пивотменската позиција е затворена, откако претходно договорот го продолжи Лука Карабатиќ до 2024 година, а веројатно ќе остане и Камил Шипжак.

Данскиот кружен напаѓач пред да дојде во ПСЖ играше за Хамбург и Фленсбург, а во татковината ги носеше дресовите на Морс, Алборг, Копенхаген и Силкеборг.

Соработката за следната сезона ја продолжи и Никола Карабатиќ, доаѓаат голманите Паличка и Грин, десниот бек Доминик Мате, како и левиот бек Јоан Гибелан.