Тимот на Тор Акурејри, каде што игра Томислав Јагуриновски, а тренер е Стевче Алушовски, забележа втор трииумф во серија.
Во Втората лига на Исланд, Тор Акурејри на домашен терен славеше над составот на Афтурлединд со 32-26, а на полувремето имаше гол предност, 16-15.
Јагуриновски беше втор стрелец во тимот и успеа да погоди пет пати, откако минатиот викенд имаше фантастично деби со 12 гола.
Тимот на Алушовски сега има три победи во пет меча и собра шест бодови