Драма без победник меѓу Порто и Барселона

Екипите на Порто и Барселона одиграа одличен натпревар во 6. коло од Лигата на шампионите кој после многу борба на теренот заврши со нерешени 33:33 и поделба на бодовите.

Порто имаше добар старт на мечот и почетно водство од 4:1. Домаќините одржуваа предност до 16. минута кога Макуц израмни на 7:7, а веднаш потоа Гомез Абељо донесе прво водство на Барселона.

Следуваше период од десет минути со постојано менување на водство со минимална предност. Мбенге, Мартинс и Слишковиќ го вратија водството на Порто од три гола во завршните минути од првото полувреме. Така беше и после 30 минути игра кога тимот на Никола Митревски имаше 17:14.

Продолжи ефикасната игра и во второто полувреме, а Порто одигра одлични пет минути за највисока предност од седум гола, 21:14 во 35. минута. Барселона во следните десет минути постигна десет гола и успеа да се врати во натпреварот.

Последните петнаесет минути беа многу неизвесни со постојана игра гол за гол, а Барселона поведе 31:30 во 56. минута и беше на чекор до голем пресврт. Сепак, Порто не дозволи пресврт и на резултат 33:33 во последната минута имаше напад, но не го реализираше Магељаеш. Останаа пет секунди за напад на Барселона за победа но Дика Мем беше изблокиран за реми.

Никола Митревски имаше мала минутажа на овој дуел и успеа да одбрани два удари на противникот. Најефикасен во тимот на Порто беше Слишковиќ со седум гола, а втор стрелец беше Родригез Ареја со шест гола. Во составот на Барселона убедливо најефикасен беше Гомез Абељо со 11 гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107