Келце им одржа лекција на Раул и ѕвездите на ПСЖ!

Екипата на Келце имаше фантастично издание во 6. коло од Лигата на шампионите и славеше убедлива победа на домашен терен против шампионот на Франција и еден од главните кандидати за освојување на натпреварувањето ПСЖ со 38:33.

Келце одигра одлично и ефикасно прво полувреме, после почетното минимално водство на ПСЖ до крај на првите 30 минути Келце доминираше. Од 5:5 домашниот тим направи серија од четири гола за прво повисоко водство.

Во завршницата од првиот дел избраниците на Талант Душебаев имаа и шест гола позитива и беа многу блиску натпреварот да го решат многу рано. На полувреме Келце замина со предност од 19:14.

Вториот дел не донесе промени во развојот на настаните на теренот, домаќините целосно доминираа и без проблеми одржуваа водство. Во 43. минута Келце го имаше и највисокото водство од седум гола кога беше 28:21. Во финишот ПСЖ успеа само да го ублажи поразот но немаше никакви шанси да избегне пораз.

Најефикасни во составот на Келце беа Симон Сичко и Дилан Нахи со по шест гола, Алекс Душебаев постигна пет погодоци, а Игор Карачиќ три. Во составот на ПСЖ Микел Хансен со осум гола беше прв стрелец, додека Елохим Пранди погоди шестпати.

ПозЕкипаНПРЛБ
1БАРСА14102232
2АЛБОРГ1482426
3НАНТ1473424
4МАГДЕБУРГ1461719
5ПИК СЕГЕД1461719
6КЕЛЦЕ1451816
7КОЛСТАД1451816
8ППД ЗАГРЕБ14311010