Ракометарите кои настапуваат во редовите на Еурофарм Пелистер и Струга, Мирко Радовиќ и Никола Матовиќ добија повик од селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ.
Тие ќе бидат дел од репрезентацијата во текот на ЕХФ неделата и ќе добијат шанса за да настапат.
Селекцијата на Црна Гора ќе учествува на турнир во Тунис така што ова ќе биде одлична можност за играчот на Еурофарм Пелистер кој игра на позициите крило и бек за убав настап. Исто така и за голманот на стружани.
Собирот е на почетокот на следната седмица.