Македонската снаа, Аморим Талеска се збогуваше со репрезентацијата на Бразил

Ракометарката која дојде во Европа пред повеќе од една деценија и играше за Кометал Ѓорче Петров, Едуарда Аморим одлучи да стави крај на настапите за националниот тим на Бразил.

Македонската снаа одлучи да ја заврши репрезентаивната кариера, а упати писмо со кое ја објасни својата одлука.

„Официјално ја пренесувам веста за моето пензионирање во репрезентацијата на Бразил. Размислував да ставам крај на настапие после Олимписките игри во Токио. Сега можам да ја објавам со мир во срцето мојата одлука. Горда сум и исполнета поради тоа што долго време го носев дресот на својата земја и секогаш давав сè од себе. Честа што го претставував Бразил беше голема во секоја можност што ми се укажа.

За мене беше големо задоволство да играм со неколку различни генерации. Исто така и да работам со извонредни професионалци и да надминам толку многу предизвици.

Би сакала да им се заблагодарам на сите што ми пмогнаа, и на сите што навиваа за репрезентацијата во сите овие години. Моја привилегија е што успеав да дојдам до толку многу награди. Продолжувам со нови планови, секогаш ќе навивам за националниот тим и ќе продолжам да помагам за развојот на ракометот во Бразил“, стои во соопштението од Едуарда Аморим Талеска.