Десното крило на Барселона, Шпанецот Алеиш Гомез ја продолжи соработката со клубот за кој дебитираше во сезоната 2014/15. Според новиот договор тој ќе биде дел од шампионот на Шпанија уште пет години.
Гомез во последните сезони има одлични настапи што беше причина да добие и долгорочно продолжување на договорот со Барселона, а со новиот се обврза на верност до сезоната 2025/26.
Тој во минатата сезона беше прв стрелец на Барса во Лигата на шампионите со 92 погодоци.
Инаку, Гомез го наследи Виктор Томас во Барселона, а воедно и во репрезентацијата на Шпанија со која во 2020 година стана европски првак, а летово во Токио дојде до бронзата на Олимписките игри.