Кумановки доминираа во Чаир и однесоа три бода

Ракометарките на Куманово одиграа одличен натпревар на гостувањето во Чаир во Скопје и победија со 29:21. Составот на Чаир не можепе да го следи ритамот на овој дуел, па ќе мора да надоместува на следните дуели.

Од почетокот се виде дека ракометарките на двете екипи се расположени за надигрување и дека нијанси ќе одлучуваат кој ќе се радува на бодови на овој натпревар. Можеше да се забележи од играта на теренот дека во првиот дел решаваат нијанси.

Куманово после десетина минути ја презеде контролата, но разликата не беше така голема. Се казнуваше секоја грешка и се користеше секој простор за да се дојде до предност така што сè водеше кон тоа ова да биде дуел со победа.

Домашните го загубија ритамот на почетокот на вториот дел. После 12:14 на полувреме гостинките брзо стигнаа до ввисоки девет гола. При резултат 16:25 чаирчанки веќе не можеа да се вратат во игра, па до крајот се одржуваше разликата.

Куманово дојде до значајни бодови на овој дуел, а ова беше првиот пораз за Чаир сезонава во Групата А од Супер женската лига.

ЧАИР – КУМАНОВО      21:29 (12:14)

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Сашо Јанкулоски од Битола.

ЧАИР: Којовиќ, Сали, Рамадани, Бакиќ, Божиновска 6, Рахмани 3, Рамуко, Гулицоска 7, Реџеп, Ѓеоргиевска 1, Алексоска 1, Буразер, Дамчевска 2, Петковска, Дукоска 1, Филипоска.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 10 мин.

КУМАНОВО: Мар. Јовановска, Мировиќ, Граматова 3, Ивановска, Мат. Јовановска, Боризоска, Кипријановска 6, Џамкиќ 5, Димитриевска, Живковска, Цветановска 3, Зечевиќ 5, Нолевска 7, Димитровска.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР18151246
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6ПЕЛИСТЕР 20121991928
7СТРУЖАНКА1881925
8СКОПЈЕ19721023