Гурбиндо и Динамо Букурешт со празни раце, Koмок е херојот на Мотор

Ракометарите на Мотор Запорожје со многу среќа стигнаа до својата втора победа во Лигата на шампионите откако на свој терен беа подобри од Динамо Букурешт со 28:27 во натпревар од 5. коло во Групата Б.

Првото полувреме помеѓу украинскиот и романскиот претставник помина во изедначена борба, иако на моменти и двете екипи имаа предност од два гола, но ниту една од нив не успеа да создаде поголема разлика во првите 30. минути.

По големата борба во првото полувреме, резултатот на пауза беше нерешен, 13:13. Како што се и очекуваше, играта од првиот дел се повтори во второто полувреме.

Ракометарите на Мотор Запорожје со голот на Малашинскас се одлепија на 18:15 и му создаваа многу проблеми на својот противник. Во последните пет минути се влезе во егал завршница, Динамо Букурешт изрмани на 27:27, а домаќинот постигна гол за 28:27. Херојот на Мотор е голманот Комок кој ги запре последните два удари на гостите и собра вкупно 13 интервенци.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Борис Пуховски со пет гола. Во екипата на Чави Пасквал, Јонеа беше најефикасен со седум гола, додека екс ракометарот на Вардар, Едуардо Гурбиндо три пати се запиша во листата на стрелци.