Тимот на Вардар го совлада Еурофарм Пелистер со 29-25 во првото дерби оваа сезона.
Во СЦ “Јане Сандански” е дозволено присуство на публика во рамките на 30% од капацитетот на салата, затоа „Јане Сандански“ не еруптираше и не беше пополнет до последното место, но навивачите на “црвено-црните” приредија убав амбиент и покажаа дека се тука кога најмногу му се потребни на клубот.
Вардарци водеа со два разлика во финишот на натпреварот, а со поддршката на “Комити” успеаја да обезбедат „плус“ четири пред реваншот во Битола.
Со поддршката “Комити” потсетија на пеколното навивање во “Јане Сандански” и моментите кога паѓаа најголемите европски екипи.