Комплетирањето на првите две кола од Супер машката лига ја донесе и првата казна која му е изречена на ракометар на Охрид. Стефан Додиќ е казнет по член 114 од Дисциплинскиот правилник, па ќе мора да плати 20.000 денари.
Овој член вели дека ракометар или кој било друг член на екипата што ќе навреди некое од официјалните лица на натпреварот или раководството на РФМ ќе добие санкција со забрана за настап до 10 натпревари или парична казна.
Додиќ е казнет за гостувањето во Струга каде што тимот на Охрид дојде до победа од 21:19. Тој мораше да го напушти теренот во 29 минута откако заработи двојно исклучување (двапати по две минути). Претходно веќе имаше едно исклучување во 13. минута, па поради три исклучувања во кратко време мораше да се пресели на трибините.
Судии на овој натпревар беа Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегат беше Марјан Огњановски.
Ова е првата казна сезонава откако првото коло мина без никакви санцкии.