Тимот на Кичево по долго времее лани се врати во Првата лига, но не успеа да се избори за место во плеј-офот.
Оваа сезона тимот предводен од Дејан Михајлоски ќе стартува со зголемени амбиции, а веќе е потврдено и новото засилување.
Станува збор за левото крило Филип Шиклевски, кој досега беше дел од Преспа Ресен и беше еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција.
Покрај Шиклевски, Кичево претходно ги ангажираше Мојсе Тасески и Чеде Јованоски од Јехона Гостивар, голманот од Еурофарм Пелистер 2 – Кристијан Костадиноски, како и средниот бек Дамјан Наумовски од Аеродром.
Кичево во новата сезона од Првата лига ќе биде дел од групата Б со Аеродром, Текстилец, Алкалоид, Голден Арт, Јуниор КВ, Металург РА, Македонија ЃП, Астраион и Куманово.