Врањеш: Одбраната на пелистерци функционира одлично, не чека тежок натпревар

Еурофарм Пелистер ќе го пречека тимот на Мешков Брест во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата. Битолскиот тим е во обид да го обезбеди својот прв настап на завршниот турнир но пред себе има силен противник.

Иако Мешков Брест пристигна во Битола без неколку стандардни играчи, сепак е фаворит на овој дуел. Пикерот и специјалист за одбрана на белорускииот тим, Владимир Врањеш ги истакна своите очекувања од натпреварот.

„Имаме мал проблем со ротацијата бидејќи некои од главните играчи ни се повредени. Тимскиот дух е дефинитивно нашата најсилна страна, треба да одиграме добро во одбрана и да постигнеме што повеќе голови. Натпреварот ќе биде многу тежок бидејќи нивната одбрана фукционира навистина добро. Два натпревари се пред нас, после тоа ќе седнеме, ќе ги анализираме натпреварите и ќе видиме дали сме ја оствариле целта а тоа е пласман на завршниот турнир во Задар“, изјави Владимир Врањеш.

Натпреварот помеѓу Еурфарм Пелистер и Мешков Брест се игра во сабота во салата Боро Чурлевски со почеток во 20:15 часот.