Тимот на Радовиш и новиот тренер Васко Василев полека го формираат ростерот за следната сезона.
По ангажманот на голманот Мицев, пивотот Трајчевски и десниот бек Мехиќ, потпишани се професионални договори со двајца ракометари од кадетскиот тим.
Станува збор за левиот бек Филип Костадинов и чуварот на мрежата Александар Ристов, кои се од генерацијата 2004.
Од клубот заминаа Али Кобеиси, Милош Лојаничиќ, Петар Ачимовиќ, Ристе Чапов и Ивица Илиев, а договорите ги продолжија Кристијан Ристов, Зоран Стојановски, Спасе Ѓорѓиев, Филип Трајанов, Александар Долдуров, Ангелче Органџиев, Здравко Постолов и Александар Марков.