Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра финалето на ЕХФ шампионатот во Скопје, а средбата почнува во 18 часот. Противник е селекцијата на Полска, а сите очекувања се Македонија да го оствари зацртаното и сонот и да дојде до триумф.
Ова е турнир на кој момците ја креваат формата и денеска треба да се види најдоброто и доколку биде прикажана игра каква што се очекува тогаш ова може да биде убав ден.
После два дена за анализирање денеска ќе треба сето она што било увидено во анализите да се спроведе на терен, па останува да се види како ќе функционираат момците во овој дуел кој ќе биде од исклучителна важност.
„Одигравме перфектен натпревар против Полска во групната фаза. Не знам дали штедеа сили против БиХ, но ја прегазија оваа селекција во полуфиналето. Меѓутоа тешко е истиот противник да се добие на еден турнирски систем. Сепак, после победата против Швајцарија јас сум сигурен дека момците ќе одиграат добро. Нема да има потреба за посебна мотивација туку ќе се обидам да ги смирам, да излеземе на терен и да го дадеме најдоброто. Ова е одлично искуство за мене и горд сум што успеавме да направиме ваков резултат“, вели селекторот Лазаров.
Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а почнува од 18 часот.