До крајот на програмата од денешниот ден на Олимписките игри остануваат уште три средби, а сите се одлични пресметки на кои ќе има што да се види бидејќи никој не смее да се опушти и да дозволи другиот да освои бодови.
Според ситуацијата поените се потребни за секоја од репрезентациите, а ќе има доста израмнети дуели и денеска на терен ќе се најдат Шведска против Египет, Португалија со Данска и Гермнаија против Норвешка.
На секој од овие натпревари е тешко да се даде шанса на некој односно да се даде предност така што е сосема извесно дека следува ден со неизвесни натпревари.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
09:15ч
ШВЕДСКА – ЕГИПЕТ
12:30ч
ПОРТУГАЛИЈА – ДАНСКА
14:30ч
ГЕРМАНИЈА – НОРВЕШКА