Женската младинска репрезентација на Македонија вчера го заврши настапот на ЕХФ шампионатот во Скопје на шестото место, а веќе од денеска истиот стручен штаб ќе има нови обврски.
Селекторот Љубомир Савевски и неговите соработници од денеска ќе имаат собир со 25 ракометарки, а седум од нив настапија и на ЕХФ шампионатот за младинки.
Кадетките ќе бидат дел од ЕХФ шамионатот во литванскиот град Клаипеда од 7 до 15 авгст во групата А со Шпанија, Литванија, Финска и Косово.
Од овој ЕХФ шампионат се обезбедува промоција во ранг погоре, односно место на Европското првенство.