Поранешниот играч на Вардар и член на шампионската генерација од 2017 година, Жоан Кањелас остана без учество на Олимписките игри откако заработи повреда така што нема да биде во можност да им помогне на колегите во Токио.
Тој е надвор од игра после повредата, а селекторот Жорди Рибера одлучи да го изостави бидејќи не може да ризикува да има играч на списокот кој не е подготвен и не може да се знае колку ќе може да помогне на теренот.
„Ова е првпат да имам руптура на мускулот. Кога се случи тоа не знаев кои ќе бидат последиците. Секако дека бев исплашен бидејќи тоа ми пречеше, но докторот рече дека повредата не е сериозна. Кога направив магнетна резонанца веќе видов дека нешто не е в ред. Кога ми кажаа дека треба да паузирам десет до 15 дена мислев дека ќе успеам да заздравам почнав да правам планови дека тоа ќе биде навреме за првиот натпревар за Олимписките игри. Сепак, стручниот штаб одлиучи дека е ризично. Не сум на списокот и може да замислите како се чувствувам. Ова е многу ретка шанса. Доколку сте на 20 години ништо нема да ви се случи, но кога имате 34 години сè ќе ви се измени. Работевме заедно пет години да стигнеме до Токио, а јас нема да бидам таму“, вели Кањелас.
Ова беше веројатно последната шанса за Кањелас за Олимписки игри така што пропушти одлична можност да игра бидејќи доколку не се случеше повредата сигурно ќе имаше место меѓу најдобрите 16 односно меѓу патниците на Олимпијадата.