Ждрепката во Лигата на шампионите уште еднаш одреди белорускот Мешков Брест за противник да го има Вардар во групната фаза. Освен „црвено-црните“ Мешков ќе игра уште со ПИК Сегед, Кил, Алборг, Монпелје, Загреб и Елверум.
Новиот тренер на белорускиот шампион, Даниел Гардо за официјалната страна на клубот, зборуваше за неговите очекувања од групата и ждрепката во неговата прва сезона на клупата на тимот.
„Сакам да напоменам дека нема слаби противници во Лигата на шампионите, сите клубови се врвни. Го добивме германскиот шампион и победник од Лигата на шампионите на фајнал форот во декември. Унгарскиот шампион предовден од мојот сонародник кој е еден од најдобрите тренери во светот. Исто така моќен тим од Франција. Вардар и Алборг се исто така силни и амбициозни, тие секогаш сакаат да се развиваат и да одат напред. Данците стигнаа до финалето, а сега донесоа уште многу многу квалитетни играчи. Вардар гори од желба да се врати на старите успеси. Ќе биде интересно, Мешков имаше одлична сезона и ќе продолжиме да работиме напорно во текот на летото за да го задржиме нивото што го достигнаа момците во претходнте сезони“, изјави Даниел Гардо.
Мешков Брест е првиот тим кој ќе гостува во Скопје во новата сезоната од Лигата на шампионите, натпреварот против Вардар ќе го играат во рамки на второто коло.