Со заминувањето на Кевин Мелер се отвори простор на голманската позиција во Барселона, а Каталонците веќе имаат најдено решение за оваа позиција и имаат голман кој ќе го наследи.
Станува збор за Лео Масиел, кој доаѓа од редовите на Куенка. Масиел е репрезентативец на Аргентина, кој има 32 години така што има солидно искуство зад себе.
Добрата форма од последната сезона беше една од причините да добие договор од Барселона, а тој треба да биде поддршка на голот за Гонзало Перез де Варгас.
Договорот на Масиел со Барселона е на една сезона.
View this post on Instagram