Радичевиќ продефилира на модна писта (ФОТО)

Поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ со репрезентацијата на Црна Гора ќе настапува на Олимписките игри во Токио.

За најголемата спортска манифестација во светот, беше презентирана спортската облека на црногорските спортисти во рамките на „Montenegro Fashion Week“.

На модната ревија во Подгорица продефилира и Јованка Радичевиќ, а покрај неа во улога на модели беа и Мајда Мехмедовиќ, Ема Рамушовиќ и Анастасија Бабовиќ.

Црна Гора на Олимпијадата ќе игра во групата А заедно со Холандија, Норвешка, Јапонија, Јужна Кореја и Ангола.

Фото: cok.me
Фото: cok.me