Во последното коло од Супер лигата, Бутел славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 29:28, а победничкиот гол беше постигнат од Јовица Младеновски на петнаесетина секунди пред крајот на натпреварот.
Гостите од Битола го отворија натпреварот со голот на Петровиќ за водство од 0:1, а домаќините за две минути игра направија серија од 3:0 и по пет минути игра имаа водство од 3:1. Бутел направи неколку грешки во нападот, а младите ракометари на Александар Јовиќ се вратија во игра и по десетина минути имаа водство од два разлика, 5:7.
Неизвесноста продолжи до самиот крај на првото полувреме. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 преку Павле Атанасијевиќ, Петровиќ и Талевски направија серија од 4:0 и го свртеа резултатот во корист за битолската екипа, 11:13. Првото полувреме заврши со резултат 13:15 за битолчани.
Во вториот дел, Бутел заостануваше со негатива од еден до два гола, а на спротивната страна одлични беа Петровиќ и Атанасијевиќ. Во 44. минута, Мајиќ беше прецизен за 22:21, а неколку секунди подоцна, Павле Атанасијевиќ изрмани на 22:22.
Играта гол за гол се одвиваше до последната секунда, а на пет минути до крајот, Еурофарм Пелистер 2 имаше 27:28. Во целата бркотница низ теренот, Бутел на петнаесетина секунди пред крајот преку Младеновски ги освои бодовите, додека останатите пет секунди, Еурофарм Пелистер 2 не успеа да ги искористи и да постигне гол.
Најефикасен на натпреварот беше ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ со десет гола. Во составот на Бутел, Мирко Мајиќ ги предводеше стрелците со седум гола.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА