Составот на КЛ 7 обезбеди победа на гостувањето кај Младост со 32:28 со што останува во трка за едно од местата кои водат во Супер машката лига.
Младост имаше повеќе од играта во првите 30 минути. Нијанси беа во прашање и во тие нијанси дојде до само мала предност на паузата. Во поголемиот дел од првото полувреме предноста на тимот од Богданци беше од три до пет гола.
Сепак, како што се доближуваше крајот на првото полувреме така тимот на КЛ 7 се враќаше во игра и на паузата имаше гол негатива, 14:15.
Откако домашните го добија минимално првиот дел од средбата дојде до поправање на играта. Наизменично дојде до погодоци и одржување на неизвесноста која траеше неколку минути.
Некаде на средината на второто полувреме почна зголемувањето на предноста, која на постепено се зголемуваше во корист на гостите. КЛ 7 дојде до сигурен финиш во кој немаше поголем проблем за да се дојде до победа од четири гола разлика. Гостите имаа и плус шест, но финишираа со 32:28.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА