Ракометарите на Прилеп имаа убедливо издание на гостувањето против Јуниор Кисела Вода и остварија лесен триумф со 32:38 во 11. коло од плеј-аутот во Супер лигата.
Гостинската екипа имаше контрола на играта и резултатот од самиот почеток на дуелот. Прилеп отвори со 0:2 и 1:4 успешно ја чуваше предноста во продолжението. До крај на првиот дел гостинската екипа создаде сигурно водство и на полувреме имаше 12:19.
Второто полувреме не донесе ништо ново на теренот, Јуниор КВ се обиде да се врати во игра, но најмногу што направи беше да намали на минус четири. Следуваше серија од 4:0 на Прилеп со која поведоа 19:28 и го решија победникот. До крај без проблеми гостите стигнаа до победата.
За одбележување е големиот број исклучувања особено во домашната екипа, која имаше вкупно девет казни од по две минути и црвен картон, додека тимот на Прилеп играше десет минути со играч помалку.
Најефикасен во победничкиот тим беше Казеин Рустамов со девет погодици, додека седум гола постигна Давор Шокоски. Во тимот на Јуниор Кисела Вода прв стрелец со осум гола беше Марко Трајковски.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА