Со одигрувањето на последните две средби од четвртфиналето, познати се сите полуфиналисти, односно учесници на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Еурофарм Пелистер немаше милост за Пролет и го победи со убедливи 21-36 на гостински терен.
Металург исто така славеше на гостински терен кај составот на Работнички без проблеми со 28-34.
Вардарци уште пред две седмици славеа над Радовиш, а Бутел Скопје го елиминираше тимот на Охрид.
Завршниот турнир во Купот ќе се игра од 21 до 23 мај, а местото на одигрување на натпреварите и полуфиналните двојки ќе бидат дополнително познати.