Репрезентацијата на Данска на двете последни средби од квалификациите за ЕП против Финска и Швајцарија може да одигра мирно, па селекторот Николај Јакобесен одлучи да повика нов ракометар.
На спискот е вклучен 21-годишниот ракометар од ГОГ Гудме, Емил Лерке така што ќе има доволно конкуренција за двете средби кои треба да се одиграат на 28 април во Цирих против Швајцарија и на 2 мај против Финска во Архус.
Данска е првопласирана во групата поради подобрата гол разлика од Македонија од меѓусебните дуели, а јасно е веќе дека и Македонија и Данска ќе си обезбедат место на ЕП.
На овие две средби данскиот селектор не смета на ѕвездите Ханс Линдберг, Микел Хансен, Никлас Ландин…
Јакобсен им даде одмор: Данска без ѕвездите во последните квалификациски натпревари