Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.
Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТТИ ОД 6. КОЛО
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 28:21 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ПРОЛЕТ 62 30:24 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ОХРИД 17:17 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ 23:23 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО
ПРИЛЕП – МЛАДОСТ 29:23 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – КЛ 7 37:31 (ИЗВЕШТАЈ)
ЈУНИОР КВ – АСТРАИОН 36:23 (ИЗВЕШТАЈ)
РАБОТНИЧКИ – ГРК ТИКВЕШ 31:24 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО
ГОЛМАН: Даниел Дупјачанец (Металург) – Имаше добра партија и забележа 13 интервенции. Најважна беше последната кога одбрани удар за бод против Бутел.
ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар) – Шампионот лесно дојде до нов триумф. Против Пролет Дибиров беше најефикасен со девет гола.
ЛЕВ БЕК: Тоше Ончев (Работнички) – Беше лидер во победата над Тиквеш. Речиси самиот го совлада противникот од Кавадарци и постигна дури 17 гола.
СРЕДЕН БЕК: Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер) – Првиот тим од Битола дојде до очекувана побед против втората екипа. Бекот од БиХ имаше добар настап и забележа пет гола.
ДЕСЕН БЕК: Жарко Бајрактаревиќ (Јуниор Кисела вода) – Екипата на Јуниор КВ беше убедлива против Астраион, а Бајрактаревиќ имаше забележителна партија. Тој беше и најефикасен со девет гола.
ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (Металург) – Беше еден од играчите кои се бореа 60 минути за добар резултат на Металург. Осумпати погоди во голот на противникот.
ПИВОТ: Владимир Јевтиќ (Бутел Скопје) – Задаваше многу проблеми на линијата од шест метри за одбраната на Металург. Седумпати го матираше Дупјачанец.