Составот на Прилеп дојде до три очекувани бодови на гостувањето кај Астраион во 5. коло од плеј-аутот во Супер машката лига после победата од 29:25.
Гостите влегоа на овој дуел како фаворити, а тоа и го оправдаа на теренот така што во ниту еден момент не беше никаков проблем околу победникот, а неизвесна беше само разликата со која ќе се дојде до бодовите.
Од почетокот на средбата Прилеп беше во предност и водството го држеше постојано под контрола. За 30 минути игра направи 17:13 и овие плус четири беа доволно добра причина за мирна игра и во продолжението.
Контролата на резултатот беше одржана и во продолжението, па не беше дозволено домашните да се вратат во игра туку искусно беше обезбедена победа од 29:25 за нови три важни бодови во битката за опстанок во Супер машката лига.
Прилепчани сега имаат девет бода, а исто толку имаат и екипите на Работнички и Младост така што продолжува да станува максимално возбудливо.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА