Ракометарите на Младост во Богданци забележа важна победа во трката за суперлигашки опстанок против екипата на Работнички со 24-23.
По почетните 3-3, домашните се одлепија на 6-3, а водеа и со 9-6. Работнички возврати со серија од три погодоци и се врати во игра, 9-9. На паузата Младост има имаше минимална предност, 13-12.
На стартот на вториот дел, домаќините поведоа со 14-12, но Ончев погоди два пати по ред за 14-14. До 19-19 се играше гол за гол, а по одличните интервенции на голманот Мицев, Младост на десетина минути до крајот ги врати највисоките плус три, 22-19.
Работнички намали на 22-21, но Димитров зголеми на 23-21. Во финишот се влезе со 24-22 за Младост, гостите погрешија, но и домаќинот се реваншираше на спротивната страна.
Уште по еден промашен напад на двете страни и Работнички се врати во игра барем за бод по голот на Вујовиќ за 24-23. На дваестина секунди до крајот, Вурмо викна тајм-аут за домашните, тие го истрошија времето до крајот и трите бода останаа во Богданци.