Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Симе Симовски, објави скратен список на ракометарки пред бараж двомечот со Романија за пласман на СП во Шпанија.
Симовски ќе смета на 20 ракометарки, а во однос на претходниот скратен список кога се играше квалификацискиот турнир има неколку промени.
Ги нема голманката Драгана Петковска, десното крило Теодора Дукоска, левите крила Марија Тасевска и Мила Трајковиќ, а нови ракометарки се голманката Марија Јовановска, десното крило Тамара Ивановска, како и бекот Моника Јанеска од турскиот Коњалти.
Повредените Јована Саздовска и Марија Штериова ќе ја пропуштат и оваа акција на сениорките.
Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт на 17 април во 17:00 часот, а реванш натпреварот е закажан на 21 април во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.