Спартак со одличен финиш за три бода против Ѓорче

Екипата на Спартак дојде до уште една победа во Женската лига откако денеска на свој терен го совлада тимот на Ѓорче Петров со 33:24.

На оваа средба беа одиграни две различни полувремиња. Првото помина во израмнета игра. Гостинките парираа и успеваа да се борат за добро продолжение на натпреварот. Ваквата игра донесе до нерешени 14:14 на полувреме, а потоа следуваше подобра игра од домашните.

Вториот дел стартуваше со израмнета игра, но брзо тимот на Спартак успеа да ги прзем работите под контрола и успеваше да ја зголемува предноста. Главното се случи во финишот кога лесно се обезбеди предност од дури девет погодоци.

Конечните 33:24 на крајот беа превисоки со оглед на тоа што повеќе од 50 минути предноста за Спартак беше само 2-3 гола.

СПАРТАК – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ         33:24 (14:14)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Благоја Кимовска и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

СПАРТАК: Станчева, Ѓоршевска 13, Кимовска 1, Цветковска, Франговска, Божиновска 2, Петковска, Ема Бочваровска, Велиденова 4, Гроздановска 4, Коларовска 8, Драговиќ, Кимовска 1, Ели Бочваровска, Трајановска, Самарџиоска

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 10 мин.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Хасаноска, Блажевска, Трпеска, Крстевска, И. Велкова 1, Шоповска, Лозановска, Србиновска 5, Величковска, Галачева, Божиновска, Божинова 3, Цветановска 8, Неделковска 3, А. Велкова 4

Седмерци: 7/9, Исклучувања: 4 мин.

ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207