Еден од начините да се задржат играчите во матичните клубови, или воопшто во клубовите во Македонија е тие да имаат добри услови за работа, играње и се разбира резултати. Така и клубовите и репрезентацијата ќе имаат профит. Од Автокоманда доаѓа уште еден интересен предлог – да не може да се замине од Македонија кога сака играчот туку откако ќе се оформи како играч.
„Имаме интересна иницијатива за која сметам дека ќе имаме подршка и во други клубови. Играчите од 16-23 години за кои се сметаат дека се млади да не може да заминат до Македонија дур не наполнат 23 години. Дури со наполнети 23 години тие би биле оформени како играчи и би можеле потоа да се афирмираат и во странство, вели Зорица Блажевска, претседателката на Металург во интервју за „Полн Погодок“ на ТВ Сонце.
Таа смета дека клубовите се тие што треба да им создадат услови за играње на ракометарите и да нема ситуација кога 16-17 годинишни деца би издржувале семејства. Според нејзино искуство токму тоа и се случило и нејзе кога семејството побарало парите да бидат редовни исплаќани бидејќи целото семејство зависело од тоа.
Блажевска потврди и дека откако е таа дојдена на претседателската функција од 100 отсто долгови што ги имал клубот, дури 80 отсто се веќе вратени.
Од Металург се пофалија: Речиси 80 отсто од долговите се вратени