Ракометарите на КЛ7 потешко од очекувањата ја совладаа екипата на Јуниор Кисела Вода со 37-36 во интересен натпревар од второто коло во плеј-аут разигрувањето во Суперлигата.
Избраниците на Ристо Магдинчев го почнаа мотивирано овој дуел и се играше гол за гол до 7-7. Домашните направија плус три, за 12-9, во продолжение имаа и 16-13, но повторно му дозволија на ривалот да израмни на 16-16. На пауза се замина со предност за КЛ7 со 18-17.
Со исто темпо продолжи натпреварот и во второто полувреме. Сите грешки на КЛ7 беа казнувани од ривалот, па Јуниор КВ го презема водството со по еден гол во некоку наврати.
Во последните пет минути се влезе со резултат 35-31, но возбудувањата не престанаа. Јуниор КВ се доближија на 36-34, а КЛ7 не реализираше пенал. Беше 36-35, Симоноски го постигна клучниот гол за победа. До крајот само Мршуља погоди за конечни 37-36.