Ракометарите на Младост Богданци си заминаа со трите бода од гостувањето во Струмица откако денеска одиграа подобро од својот ривал и дојдоа до победа од 30:24.
Тимот од Богданци беше подобриот ривал во поголемиот дел од средбата, но наиде на цврст противник кој иако е со многу подмладен состав во однос на стартот на сезоната даде силен отпор. Од почетокот на средбата имаше надигрување при шпто Астраион се држеше.
Сепак, после 6:6 на средина од првото полувреме дојде до пад во играта и противникот многу лесно стигна до 12:7 и тука стави до знаење дека домашните тешко ќе можат до подобар резултат.
И во таква игра на полувреме беше само три гола за Младост, 15:12, а потоа во вториот дел продолжи контролата.
Иако Астраион се одржуваше на пристојна негатива, сепак, беше јасно дека на оваа средба тешко ќе може составот од Струмица да дојде до подобар резултат. Гостите имаа контрола до крај и успеаја во последните минути и да зголемат за победа од 30:24 со што на најдобар можен начин тргнаа во плеј-аут битката за опстанок во Супер лигата.