Ракометарите на Вардар очекувано го совладаа вториот состав на Еурофарм Пелистер со 34:30 но добија силен отпор во текот на сите 60 минути.
Младите ракометари на тимот од Битола успеаја да парираат во добар дел од средбата, но фактот дека и домашните не форсираа овозможи да има интересен натпревар. Вардарци беа во постојана предност, но гостите успеваа да израмнуваат.
Дојдоа до 9:9 некаде на средината на првото полувреме, но потоа Вардар засили и до крајот на првиот дел од средбата стигна до 17:14.
Откако на одмор беше плус три гола во продолжението се одржуваше водството и истото беше и зголемено до највисоки плус седум, 25:18 и 29:22. Оваа разлика беше доволна за мирна игра во последните моменти од средбата и обезбедување на три бода на стартот од плеј-оф лигата.
Со овој дуел беше финиширано првото коло, а следното ќе биде за две недели бидејќи следува пауза поради ЕХФ неделата.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА