Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од 10. коло во Лигата на Европа.
Ракометарите на Металург, кои немаат шанси за пласман во елиминациите, ќе играат со шпанскиот Адемар Леон.
ЕХФ за оваа средба делегира судии од Косово. Се работи за Ештреф Беќири и Илир Красниќи. Делегат на овој натпревар ќе биде Ацо Николовски.
Натпреварот ќе се одигра утре во арената СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 18:45 часот.