Сериозен, фокусиран поглед кој можеше да ја промени насоката на натпреварот. Насмевка која будеше радост дури и кај најлутите противници… Светот загуби едно од најголемите ракометни имиња, Алфредо Кинтана.
Роден во главниот град на Куба, пред 33 години, пристигнува во Европа заедно со моќниот проект на португалската федерација и визијата која ја вивна Португалија во светскиот ракомет, а нас ни овозможи да уживаме во бравурозните одбрани на Кинтана.
Ракомет во Порто не се игра од понеделник. Денот кога престана да чука срцето на португалскиот репрезентативец. Ниту докторите, ниту апаратите, не помогнаа во борбата со судбината. Деновите поминуваа, докторите не сакаа да прогнозираат, а шансите за живот се намалуваа. Се до петок, кога во 12 часот Кинтана замина во легендите.
Шок и тага од Порто одекнаа низ сите европски и светски ракометни центри. Кинтана беше во своите најдобри години, бранеше одлично и одеднаш го снема.
Трагата која ја остави во европскиот и светскиот ракомет остана недовршена, но длабока.
Затоа последен поздрав до добриот дух на тимот од Порто испратија сите големи клубови во Европа, од Вардар до Барселона. Последна почит изразија трите најголеми европски лиги, федерации и посебно големи ракометни имиња кои знаат што значеше Кинтана во ракометот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram