Интернационалецот од БиХ, Марко Тарабокија се врати во тимот на претходниот натпревар против Чеховски медведи во Скопје, а ќе биде дел од тимот и на дуелот против Аон Фиверс.
Тој очекува тежок дуел против тимот од Австрија, но верува дека може да се одигра добро, но во исто време не е сигурен како ќе биде бидејќи не се комплетни на оваа средба.
„Во принцип знаеме ќе биде тешко. Видовме како беше во Скопје, одигравме нерешено, а тогаш бевме и комплетни. Можам да кажам дека не бевме комплетни многу време. Тука беа корона, репрезентација, па некои позитивни некои не, едвај да одработивме неколку тренинзи комплетни. Против Чеховски медведи покажавме дека со повеќе волја и желба и борбеност дека можеме да се носиме со сите. Многу играчи, јас меѓу нив се најдовме во ситуација да играме и напад и одбрана, што можеби никогаш и не сме го играле. За сите особено за младите ова е големо искуство. Натпреварот ќе покаже што ќе биде. Јас сум супер, излегов од изолација, се договорив со тренерот ако не се чувствувам добро да излезам, но засега сè е добро. Јас и додека бев во изолација се обидов да тренирам, сам, така што засега е добро“, вели Тарабокија пред денешниот натпревар против Аон Фиверс.
Средбата вечерва почнува од 20:45 часот, а ова е можност за составот на Металург да се обиде да дојде до бодови.