Екипата на Копривница во само неколку часа забележа победа против големиот ривал Локомотива, но неколку часа подоцна ја дозна најлошата можна вест и остана без својот тренер, Златан Сарачевиќ, кој почина во болницата во Копривница.
Великанот на хрватскиот и светски ракомет ја славеше победата против ривалот за титулата, но радоста траеше кратко. Информациите објавени од хрватските медиуми говорат дека после давањето на изјава за натпреварот му се слошило и веднаш бил пренесен во болница.
Сепак, набрзо од болницата пристигнале лоши вести. Засега нема детали, но соопштено е само дека Сарачевиќ починал, а првите информации се дека имал срцев удар.
Има и информации дека во последно време не се чувствувал најдобро, па дали сето ова е поврзано останува да се дознае во текот на утрешниот ден.
Сарачевиќ имаше 59 години. Беше роден во Бања Лука каде што ја почна кариерата во Борац. Играше за Медвешчак, Ним, Бордо, Кретеј, Истр, Загреб, Веспрем и Замет. Настапуваше за репрезентациите на Југославија, Хрватска и БиХ. Тренерската кариера ја почна во Замет, а работеше и во Нирегихаза, Челик, Загреб, Дубровник и Подравка.